Трошоците на живот во јули во однос на јуни годинава  во државава се зголемени за 1,9 проценти, а цените на мало за 2,5 проценти. Споредено со јули лани, трошоците на живот минатиот месец биле повисоки за 16 проценти, а цените на мало за 14 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.Пораст на трошоците на животот забележан кај лебот и житата, кај млечните производи, кај воздухопловниот патнички транспорт и туристичките аранжмани. Со други зборови ова значи дека  вредноста на последната синдикална минимална кошница на едно четричлено семејство треба да потрши речиси 40 000 денари или 4 000 повеќе од двете минимални плати заедно. Само за една година трошоците за живеачка се пораснати за 16% или за 5 500 денари, споредено меѓу јуни 2021 и 2022 година.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *