Центарот на европската мрежа за размена на музички иновации – „ХЕМИ” ги откри 27-те номинирани музичари за третото издание на „ХЕМИ Музички Награди” меѓу кои се номинирани и три македонски изведувачи и тоа: Дина Јашари, „Јон Ајди” и „Перија”. Овие номинирани соло изведувачи и групи доаѓаат од 9 држави во централна и југоисточна Европа (Чешка, Естонија, Грција, Унгарија, Македонија, Полска, Романија, Србија, Словенија) Учесниците ќе имаат пристап до онлајн состаноци и предавања за збогатување на нивното знаење за музичката индустрија, особено проблемите во секторот за настапи во живо.