Се повеќе се потврдува фактот дека младите работат на позиции што не се поврзани со полето на студирање, тренд кој преовладува кај младите се честите промени на работните места. Ова се дел од наодите од истражувањето насловено „Младински аспирации за кариера и вештини“.Токму ваквите сознанија ќе бидат темел при креирањето политики и мерки за намалување на невработеноста кај младите што е еден од нашите стратешки приоритети. Можноста за напредување во кариерата е доминантна причина за 20,8% од испитаниците, додека пак сигурноста и стабилноста на работата се клучен фактор за 14,4% .