Традиционален гала оперски концерт ќе се одржи во Национална опера и балет по повод Василица на 12 и 13 јануари Публиката ќе има можност да ужива во изведбите на некои од највпечатливите и најпопуларни арии, дуети, хорски делници и балетски точки од светски познатите дела од композитори. Националната опера и балет го востанови овој концерт во 1995 година. Концерот низ годините потоа стана препознатлив, популарен и еден од најпосетените настани кај нас. Концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Ѓурѓица Дашиќ и Јасмина Ѓорѓеска, а кореограф е Саша Евтимова.

Под диригентство на гостинот од Канада, Клод Лапалм, добитник на голем број престижни награди и признанија, а во режија на Дејан Прошев, ќе настапат оперските солисти: Весна Ѓиновска Илкова, Сандра Митровска, Благица Поп Томова, Наде Талевска, Николина Јаневска, Биљана Јосифов, Зоран Сотиров, Александар Стефаноски, Марјан Јованоски, Ристе Велков, Игор Дурловски, Владимир Саздовски заедно со хорот, оркестарот и балетот на Националната опера и балет.

Билетите се пуштени во продажба на нашата билетарница и онлајн.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *