Во Македонија денес и утре го очекуваме максимумот на овој топлотен бран од Африка, па така денешниот и утрешниот ден кај нас ќе бидат најтоплите денови досега оваа година. Температурите насекаде ќе надминуваат 30 степени, тие на повеќе места ќе се искачуваат и до околу 35 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели температурата локално ќе достигне до околу 40, 41 степен.

Владата на барање на Министерството за здравство, вчера одржа вонредна седница поради високите температури и донесе соодветни препораки за Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран кои денеска и утре ќе бидат зафатена од високи температури од портокалова фаза.

-Од Институтот за Јавно здравје и метео-алармот на Управата за хидрометеоролошки работи се добиени информации дека на 11 и 12 јуни територијата на градовите Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран ќе биде зафатена од високи температури од портокалова фаза, поради што Владата на седницата ги усвои препораките од Министерството за здравство за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението за територијата на овие градови, соопшти владината прес-служба.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *