Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 4 до 12 Целзиусови степени додека максималните ќе се искачат од 15 до 26 степени.