Тони Зен го објави својот најнов проект, а го најави и својот албум, 7-ми по ред. По успешното пласирање на песната „Планот“, следува уште една која го носи насловот „Првата нота“.Ова е вториот сингл со видео запис според планот, на кој слушателите и гледачите нема да останат рамнодушни. На видео записот се потпишуваат Владислав Гавриловски и Илија Димкоски, а музиката ја направија Нино Васков и Ики. Премиерата на песната „Првата нота“ ќе биде вечерва во 20 часот, на официјалниот “Youtube” канал на Тони Зен.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *