Новата година во Сараево дефинитивно ќе остане запаметена и а на прославата се случи вистински спектакл. Жителите на Босна и Херцеговина 2024 година ја дочекаа со „Црвена јабука“, „Забрањено пушење“, „Бомбај штампа“, но и со специјалниот „гостин“, Јосип Броз Тито.
Покрај одличната атмосфера, овој дочек ќе остане запаметен и по интересен скеч.
Поранешниот претседател на Југославија и лидер на КПЈ, Јосип Броз Тито, на новогодишната ноќ на присутните во Сараево им се „обрати“ на интересен начин, а се претпоставува дека пораката е генерирана со помош на вештачка интелигенција.
@adfood2 Josip Broz Tito se na zanimljiv način obratio sarajevskoj publici u novogodišnjoj večeri✨ #newyear #newyearseve #welcome2024 #sarajevo #bosnia #bosniaandherzegovina #balkan #fyp #foryou #viral #yugoslavia #serbia #croatia