Познатиот пејач The Weeknd и младата манекенка Лили Роуз Деп  ќе ја имаат главната улога во новата серија со наслов „Идол“.

The Weeknd е еден од креаторите на оваа серија, а воедно заедно со Лили Роуз ќе ja игра и една од главните улоги.Се уште не се знае кога точно ќе почне да се прикажува серијата, но познато е дека се снимени седум епизоди.

Покрај раперот и Деп, во оваа продукција ќе се појават и Троја Сиван, како и Џени Ким од женската група „Блекпинк“, заедно со актерите Рејчел Сено, Хари Неф, Елизабет Беркли и други.

Лили Роуз Деп го имаше своето актерско деби во 2014 година во филмот „Туск“.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *