Изминатиов викенд, на 20-ти октомври на Фестивалот за забавни мелодии Макфест во Штип. Теона Јованоска го имаше своето деби на македонската музичка сцена, во рамките на првата дебитантска вечер. Енџелс Фм ја контактираше Теона каде ни одговори на неколку прашања и ни ги откри нејзините планови за иднина.
Ова е твое прво појавување на Макфест 2023 кои се твоите први впечатоци?
-Ми беше голема чест што настапив на истата сцена каде што имаат настапено и ги имаат почнато своите почетоци големи звучни македонски музичари.
“Јас без тебе” е насловот зад чија песна стои Сара Мејс и твое прво претставување пред јавноста. Како дојде до вашата соработка со Сара?
-Јас сум меѓу првите ученици на Сара каде го изучував поп пеењето. Растев со неа и и’ бев придружен вокал на нејзини настапи. Сара вели дека јас сум нејзиното прво дете и она како добра мајка ја даде идејата за Макфест.
Кои се твоите идни планови?
-Во иднина би сакала да продолжам со музиката и во поглед на виолината а и во пеењето. Да направам спој на инструментот со песната.
Енџелс Фм и посакува многу успеси на Теона во иднина и многу музички парчиња на музичката сцена.