Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа испиша нова страница во својата кариера, откако за првпат обезбеди пласман во главниот турнир на Вимблдон, најпрестижниот грен слем што се игра на тревните терени во Лондон.

Во првото коло ја очекува исклучително тежок предизвик, дуел со шестата носителка и шеста тенисерка на ВТА-листата, Американката Аманда Анисимова. Станува збор за 24-годишна тенисерка со богато искуство на грен слем турнирите и една од фаворитките за висок пласман.

Главниот турнир на Вимблдон започнува на 29 јуни, кога Ѓорческа ќе го има своето историско деби на најпознатиот тениски турнир во светот.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *