ТЕЈЛОР СВИФТ ИСПИША ИСТОРИЈА, ГО ОСВОИ ЧЕТВРТОТО ГРЕМИ ЗА АЛБУМ НА ГОДИНАТА
Тејлор Свифт ја освои наградата Греми за албум на годината за „Midnights“ од 2022 година на синоќешното доделување на престижните награди, со што стана женски изведувач со најмногу победи во категоријата. Имено, ова и е четврто Греми за албум на годината. Свифт, меѓу другото, ги фрли во транс обожавателите, откако синоќа објави дека во април ќе го издаде својот 11-ти албум „The Tortured Poets Department“. Тејлор ја објави насловната страница на Инстаграм веднаш по говорот.