Во Нови Сад, Србија, заврши Балканското првенство во кик-бокс, на кое учество земаа и натпреварувачи од Кик бокс клуб „Гладијатор Фајт“ – Штип, предводени од тренерот Шенол Асанов.

Клубот настапи со двајца натпреварувачи, а беше освоен еден медал. Најуспешна беше Антонија Тасева, која се закити со бронзен медал, откако забележа една победа и еден пораз, при што беше запрена од европскиот шампион од Босна и Херцеговина.

Другиот претставник, Јован Јанковски, го заврши натпреварувањето на петтото место и остана без медал, но со значајно меѓународно искуство.

На првенството настапија натпреварувачи од целиот Балкан во повеќе категории и дисциплини, а учеството на штипскиот клуб претставува уште едно важно искуство и афирмација на македонскиот кик-бокс на меѓународната сцена.

Кик бокс клуб „Гладијатор Фајт“ – Штип со ова уште еднаш го потврдува континуитетот во развојот и настапите на големи меѓународни натпреварувања.






01/06/2026

Leave a Comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *