Пејачот и кантавтор Александар Тарабунов – Тара ја оживеа песната „Прва љубов“, која во 1973 година на Скопскиот фестивал ја испеа неговиот татко Ванчо Тарабунов. Песната е објавена вчера (26 јули) на одбележување на годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963 година.
„Оваа песна е поклон за мојот град Скопје, за градот што нè научи дека и по најголемите урнатини може повторно да се роди живот, надеж и љубов.“ – напиша Тарабунов на Инстаграм.
Песната ја отпеа мојот татко во 1973 година, на Скопскиот фестивал, напишана е од големиот Драган Ѓаконовски – Шпато, а денес, со многу љубов и почит, ја оживуваме повторно за сите што го сакаат градот Скопје.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *