Тамара Грујеска ќе биде нашата претставничка којашто со нејзината песна „Кажи ми, кажи ми кој” ќе блесне на евровизиската сцена и ќе нè направи горди. Како што е веќе добро познато, Македонија ќе учествува на овогодишното издание Јуниорски Евросонг, кој ќе се одржи на 26 ноември во Ница, Франција. За брзо време стана еден од фаворитите на евровизиските фанови. На 26 ноември во 16:00 часот бидете пред малите екрани и не зaборавајте да ја поддржите Тамара кога ќе започне гласањето, бидејќи истото се спроведува и онлајн и, секако, ќе можете да гласате за својата држава.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *