Во периодот од 5 до 13 ноември 2025 година, во Бангкок, Тајланд, ќе се одржи Светското првенство во џиу џицу, на кое Македонија ќе ја претставуваат двајца натпреварувачи:

  • Катерина Ацевска во категоријата СЕНИОРКИ +70 кг

  • Данил Николиски во категоријата У21 -56 кг.

Катерина, која настапува во среда на 5 ноември, заедно со селекторот Александар Ацевски веќе пристигнаа во Бангкок, додека Данил Николиски и помошник-селекторот Христијан Јованов ќе отпатуваат на 10 ноември, пред неговиот настап закажан за 13 ноември.

Нашите борци ќе имаат по два дена за аклиматизација со оглед на долгото патување, големата временска разлика и летните услови што ги очекуваат во Тајланд.

Им посакуваме успешен настап без повреди, среќно патување и враќање, како и што подобар пласман на ова големо натпреварување.

Учеството на Светското првенство е овозможено со поддршка од Министерството за спорт и клубовите за кои настапуваат нашите претставници —
Џиу џицу клуб „ДАН-КЈУ“ од Скопје и Џиу џицу клуб „ОСЕНСЕИ“ од Штип.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *