Светскиот ден за заштита на животните се одбележува секоја година на 4 октомври, а традицијата започнала уште во 1931 година во Фиренца.

Здруженијата за животни денес на глобално ниво го одбележуваат овој настан, па не се двоумете дали и вие да бидете дел од добрите дела на овој ден.

Денес е ден кога првенствено се настојува да се укаже на проблемот со животинчињата кои секојдневно се измачувани или немаат доволни услови за живот.

Докажано е дека секој ден изумираат по над 50 видови животни, а три пати поголем број се наоѓаат пред изумирање.

Можеби нема да успеете да го спречите изумирањето на ендемските видови, но секогаш можете да го нахраните вашето улично кутре, да го згрижите го во вашиот двор и затоплете на овие ниски температури, да им помогнете на малите и беспомошни мачиња…

Не заборавајте дека денес е одличен ден да волонтирате во некое од складиштата за кутриња, да ја посетите зоолошката градина и да ја пренесете хуманоста на помладите генерации!

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *