Светскиот ден на ракот се одбележува ширум светот на 4 февруари. Се вбројува во 10-те најголеми закани за глобалното здравје на човешвото. Целта е да се информираат и охрабрат луѓето за неговата превенција, рано откривање и лекување.

Само во 2021 година околу 10 милиони луѓе ширум светот починале од рак. Но не е само предвремената смрт она што загрижува. Тука се изгубената продуктивност, здравствените трошоци, изгубените примања, намалениот квалитет на живот, попреченоста.

Затоа да дадеме сите придонес кон подигање на свеста дека голем процент (30 до 50%) на сите видови рак можат да се спречат доколку се преземат мерки навреме.

Оваа иницијатива беше преземена од Унијата за меѓународна контрола на ракот за кампања и застапување за целите на Светската декларација за рак, напишана во 2008 година.

Неколку факти за ракот

-Ракот е на второ место како причина за смрт во светот.

-Секоја година 10 милиони луѓе умираат од рак.

-Повеќе од 40% од смртните случаи поврзани со рак може да се спречат бидејќи се поврзани со модифицирани фактори на ризик како што се пушењето, употребата на алкохол, лошата исхрана и физичката неактивност.

-Речиси најмалку една третина од сите смртни случаи поврзани со рак може да се спречат преку рутински скрининг и рано откривање и лекување.

-70% од смртните случаи од рак се случуваат во земјите со низок до среден приход.

-Милиони животи би можеле да се спасат секоја година со имплементирање соодветни ресурси за стратегии за превенција, рано откривање и лекување.

-Вкупната годишна економска цена на ракот се проценува на 1,16 трилиони американски долари.

Причини за заболување:

-Ракот може да биде предизвникан од различни причини. Точната причина сѐ уште не е позната.

Ризик фактори:

  • Алкохол – Алкохолот може да го зголеми ризикот од шест видови на рак, вклучувајќи го и дебелото црево (колоректален), дојката, устата, фаринксот и гркланот (уста и грлото), хранопроводникот, црниот дроб и желудникот. Доказите сугерираат дека општо земено, луѓето најмногу консумираат алкохол.
  • Прекумерна тежина или дебелина е поврзана со зголемен ризик од развој на 12 различни видови на рак.
  • Пушењето-тутунот содржи најмалку 80 различни супстанци (канцерогени агенси) кои предизвикуваат рак.
  • Нездрава исхрана-се смета дека внесот на нездрава исхрана формира кисела средина во организмот, што доведува до формирање на канцерогени клетки во организмот.
  • Инфекција-инфективните агенси се одговорни за околу 2,2 милиони смртни случаи од рак годишно. Ова не значи дека овие видови на рак може да се сфатат како инфекција, туку вирусот може да предизвика промени во клетките што ги зголемува шансите да станат канцерогени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *