Секоја година, на 14 Ноември во светот се одбележува Светскиот ден на шеќерната болест поради  растечките проблеми од компликациите од шеќерната болест, здравствен проблем кој се однесува на болниот, на неговото семејство и заедницата во целина. Може да се спречи преку редовна физичка активност, здрава и урамнотежена исхрана и промовирање на здрави услови за живеење. Дијабетес е хронична, метаболна болест која се карактеризира со покачени нивоа на гликоза во крвта (или шеќер во крвта), што со текот на времето води до сериозно оштетување на срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите. За луѓето кои живеат со дијабетес, пристапот до третман, вклучувајќи го и инсулинот, е од клучно значење за нивниот опстанок. Постои глобално договорена цел да се запре порастот на дијабетес и дебелина до 2025 година.

Здравствените системи можат да дијагностицираат, лекуваат и да се грижат за луѓето со дијабетес. Не поттикнуваат сите нас како поединци да јадеме здраво, да бидеме физички активни и да избегнуваме прекумерно зголемување на телесната тежина..

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *