Црквата Свети Спас е најстарата црква во Штип од 1369 години односно 14 век.

Се наоѓа на левата страна на река Отиња на карпa.

Оваа црква со својата тивка убавина постојано го привлекува погледот и вниманието на минувачите.

Тоа е еднокорабна црква за која се смета дека ја подигнал војводата Димитар во 1369 год. Живописот од XIV век не е сочуван. Второто живописување било изведено во 1601 година, од страна на зографот Јован, кој се потпишал на грчки јазик. Околу неа има некропола со гробови со различна временска припадност.

За историјата на Црквата Свети Спас зборува Отец Добрица Јанев

За разлика од останатите цркви Свети Спас има интересно обликувана фасади меѓу кои северната страна свртана кон река Отиња. Како резултат од 1971 година од конзерваторските работи беше дефинитивно откриен значаен дел од стариот живопис работен во 1369 година. Од стариот живопис денес се зачувани голем број фигури на старозаветните пророци, светители, извонредната композиција Преображение. Иако просторот е ограничен неможеме а да не ја споменеме композицијата на Света Троица насликана во вид на Исус Христос насликана со три глави и симболи сочетири Евангелисти од страна и е редок иконографски примерок. Во 1601 година како што стои во зачуваниот натпис на влезната врата живописот во црквата бил обновен од Павле Мутафџија.

Црквата Свети Спас православните христијани ја посетуваат на празникот на Христовото вознесение – Спасовден кој припаѓа во големите христијански празници, се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Во овој период луѓето сè уште се поздравуваат со христијанскиот поздрав „Христос воскресе“

Новинар Никола Арсов

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *