Суперболот, неофицијален национален празник во САД, и сониќа донесе ново спортско-забавно шоу во кое централното место го имаа Канзас Сити Чифс и Сан Франциско. Канзас Сити во Парадајс го победи Сан Франциско со 25:22 по продолжение.За првпат се играше во Лас Вегас, кој во последната деценија од „Град на гревот“ се повеќе се претвори во спортски центар. Станува збор за исклучително популарен настан, а минатогодишното финале го погледнале околу 113 милиони луѓе. Легендарниот Dj Tiësto беше првиот in-game Dj на вечерашниот спектакл. Тој е петтиот Dj во историјата кој ја имаше оваа чест.