Со потпишувањето на Меморандумот за попусти во сите Национални установи, студентите добиваат зголемен пристап до културните случувања, кои до сега можеби не беа толку достапни за нив. Меморандумот ќе придонесе за зголемување на присуството на студентите во културната сфера. Со тоа ќе се поттикне интересот кон културата и ќе им овозможи да го истражат богатството што го нуди нашата држава. Културата има моќ да отвори нови хоризонти и погледи. Овие иницијативи се дел од широката ангажираност за поддршка на образованието и културата, со цел да се создадат подобри услови за развој на студентите.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *