Штипскиот Центар за култура го објави конкурсот за драмски текст за деца рокот за доставување е до 30 септември  за најдобриот ќе одлучи до средината на месец октомври. Секој автор со навршени 18 години може да достави два драмски детски текста со тоа што ќе биде награден само еден текст. Комисијата ќе биде формирана и тајна ѝ ќе бидат доделени текстовите на 30 септември. Значи, рокот е до 30 септември, од кога имаат 15 дена рок за да одлучат кој е најдобриот текст. Најдобриот текст ќе биде парично награден и поставен на сцена, а наградената пиеса и другите две што ќе влезат во потесен избор ќе бидат препорачани на сите културни институции кои имаат можност за сценски изведби. Конкурсот се објавува втора година по ред, минатата година имаше пријавено 15 текста.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *