Македонската компанија Телекабел го забележа најголемиот раст на бројот на вработени меѓу 100-те најголеми работодавачи во земјава во 2025 година, покажуваат податоците на Бизнисмрежа.
Бројот на вработени во компанијата се зголемил од 223 во 2024 година на 465 во 2025 година, што претставува раст од дури 108,5 проценти. Со ова, Телекабел е компанијата со највисока стапка на раст на вработеноста во анализираната група.
Анализата покажува значајни промени на пазарот на трудот во 2025 година, при што Телекабел се издвојува како компанија со најдинамичен раст и најголемо проширување на работната сила меѓу најголемите работодавачи во државата.
Телекабел е една од најголемите домашни телекомуникациски компании во Македонија со седиште во Штип. Компанијата обезбедува услуги за кабелска телевизија, интернет преку кабелска и оптичка мрежа, фиксна и мобилна телефонија.
Компанијата Телекабел е основана во 1998 година и денес претставува значаен работодавач во државата
Како компанија со потекло од Штип, Телекабел има значајна улога во развојот на телекомуникациската инфраструктура во Македонија и претставува пример за успешен домашен бизнис што прераснал во национален оператор.
