Изминатата ноќ со два одиграни натпревари стартуваше новата сезона во НБА лигата. Актуелниот шампион, тимот на Голден Стејт Вориорс славеше против големиот ривал Лос Анџелес Лејкерс со 123:109. Најефикасен во редовите на Вориорси беше Стеф Кари со 33 поени, Ендру Вингинс постигна 20, додека кај Лејкерси Леброн Џејмс со 31 и Ентони Дејвис со 27 беа најефикасни. Дербито на Источната конференција му припадна на Бостон Селтикс. Селтикс на домашен терен ја доби Филаделфија со 126-117. До победата Бостон беше предводен од тандемот Тејтум – Браујн, двајцата постигнаа по 35 поени.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *