Стартуваше 52 то издание на Мајски оперски вечери. Овој фестивал со децении привлекува големо внимание кај домашната, но и странска публика, со оглед на својот квалитет и меѓународен карактер. Традиционално, Мајските оперски вечери ќе завршат на 31 мај со Вердиевата „Аида“ќе има учесници и од Кина, Италија и Бугарија. Годинешните Мајски оперски вечери се посветени на македонската примадона Милка Ефтимова а во нејзина чест беше отворена изложба „Оперска одисеја“.