Шпанија прва земја во Европа што одобри менструално боледување за жените. Сега изгласаа жената да има право на менструално боледување доколку има болки. Оние со болни и непријатни менструации, знаат колку е тешко во тие денови да се стане од кревет и да се оди на работа.
За среќа, шпанските власти направија чекор напред и историски потег, откако изгласаа со закон жената да има право на менструално боледување. Со законот, жената има право на тридневно менструално боледување, со можност да се продолжи на 5 дена, доколку страда од онеспособувачки менструации кои предизвикуваат болки. За ова отсуство е потребна потврда од лекар, а трошоците ќе бидат подмирени од јавниот систем за социјално осигурување. Законот е изгласан и поддржан од 185 пратеници, додека 154 биле против и 3 воздржани