Возбудувањата во четвртфиналната фаза од Светското првенство започнуваат вечерва и тоа со дуелот меѓу Франција и Мароко на „Жилет стадион“ во Бостон. Овие две репрезентации играа меѓусебе и пред четири години на Мундијалот во Катар, кога во полуфиналето, Галските петли со 2:0 славеа над африканската селекција.
Сега Французите сакаат реприза од пред четири години, додека Мароко се надева на реванш. Како загревање за дуелот кој вечерва ќе се игра со почеток од 22 часот, прочитајте интересни податоци за оваа средба.
ФРАНЦИЈА – МАРОКО![]()
ДАЛИ ЗНАЕВТЕ![]()
Франција е непоразена во сите шест (6) средби со Мароко. (победи: 4 / нерешени: 2).
Последна победа од 2-0 во полуфиналето на СП 2022 година.
Шест (6) играчи од тоа полуфинале се присутни во составот на Франција на актуелното СП, вклучувајќи го и стрелецот на нивниот прв гол во натпреварот со Катар – Тео Ернандез.![]()
Франција има 18 победи на последните 21 натпревари од нокаут-фазата на светските првенства![]()
Мароко е првата африканска нација што стигна до две (2) четвртфиналиња на Светското првенство
Има загубено само два (2) од последните девет (9) натпревари против европски тимови
(Победи: 3 / Нерешени: 4).
Франција ги доби двата натпревари од нокаут-фазата на СП против африкански тимови – 2-0 против Нигерија во 2014 година (осминафинале) и 2-0 против Мароко во 2022 година (полуфинале).
Мароко постигна десет (10) гола на СП 2026 година, со што стана само втората африканска репрезентација што достигна двоцифрен број на бодови во едно издание, заедно со Сенегал – кој исто така го постигна овој подвиг на СП 2026.
