Од 35.000 до 40.000 Аргентинци се очекува да допатуваат денеска во Доха за натпреварот против Хрватска во рамки на полуфиналето на Светското фудбалско првенство, покажуваат проценките на Амбасадата на Аргентина во Катар.Станува збор за најголем навивачки контингент кој пристигнува од Аргентина во Катар.Полуфиналето меѓу Аргентина и Хрватска ќе се игра денес на стадионот „Лусаил“ со почеток од 20.00 часот. Светските обложувалници им даваат предност на Аргентина која е голем фаворит во вечерашното полуфинале. Утре ќе се одигра и вториот полуфинален натпревар помеѓу Феанција и Мороко исто така од 20.00 часот.