Култниот американски анимиран ситком „The Simpsons“ се прикажува од 1989 година и има неверојатни 34 сезони, а Хомер, Марџ, Барт, Лиза и Меги станаа нераскинлив дел од поп-културата ширум светот.Но, многумина се прашуваат: „Зошто ликовите во оваа анимирана серија се жолти?“.„Една аниматорка го смисли ‘жолтилото’ на Симпсонови и штом ми го покажа, ѝ реков: ‘Ова е одговорот! Кога ќе ги менувате каналите и кога ќе ви се појави жолтата боја, вие ќе знаете дека ги гледате Симпсонови на телевизија’.“, одговорил Гронинг

Со оглед на големиот успех на „The Simpsons“, овој чекор на Гронинг бил генијален. Но, постои голема веројатност дека и „теоријата на боите“ одиграла голема улога во изборот на жолтата боја.

Општо е познато дека жолтата боја има психолошко влијание врз човечкиот мозок. Поради начинот на кој нашите очи ја обработуваат светлината, жолтата боја е највидлива за човечкото око, а исто така претставува оптимизам и радост.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *