Преку денот, се очекува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Се прогнозира минималната температура да биде во интервал од -1 до 7, а максималната да достигне од 21 до 27 степени.

Според најавите, ќе продолжи периодот на појава на магла и ниска облачност по одделни котлини. До средината на неделата ќе се задржи сончево време преку денот и релативно топло за овој период од годината. За во среда, најавено е да има преодна зголемена облачност, проследена со појава на повремен дожд, а дневната температура малку да опадне.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *