Времето ќе биде сончево со умерена, а на места повремено со значителна облачност. Претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 31 степен.
И во петок наместа ќе има значителна облачност, а претежно во западните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд. Во петок долж Повардарието, а во недела во поголем дел од земјава ќе дува засилен северен ветер. Дневната температура во следните денови ќе се задржи над просекот за овој период.