Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 15 степени, а максималната ќе достигне 30 степени.Следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец. Услови за локален дожд ќе има во петок, а температурата ќе биде во рамките на просекот за овој период од годината.