Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег. Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 15 степени.

Следува период на сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец. Повремено облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локални врнежи. Во следните два дена дневната температура ќе биде во благ пораст, а потоа за време на викендот во опаѓање.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *