Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне се очекуваат врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи во интервал од 8 до 14 степени, а дневната од 18 до 29 степени. И утре ќе преовладува променливо облачно со повремени врнежи од дожд, додека попладне и во вечерните часови нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.