Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се движи во интервал од 12 до 23 степени Целсиусови, а максималната од 28 до 40. УВ-индексот ќе изнесува десет, информираат од УХМР.

Под влијание на топол бран следува период на стабилно и многу топло време со дневни температури во поголемиот дел од земјава над 35 степени. Особено топло ќе биде во четврток и петок кога наместа температурата ќе надмине 40 степени и ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *