Времето денеска ќе биде сончево, тивко и релативно топло. Ќе продолжи периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер, а ќе биде и релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност. Поголемо наоблачување ќе настапи во сабота преку денот, а во недела ќе има појава на повремен дожд, на планините од повремен снег.