Кошаркарите на Соколи успеаја да израмнат на 1:1 во финалната серија за влез во Суперлигата, откако триумфираа на гостувањето против Бутел во Скопје со 65:68, во натпревар исполнет со неизвесност до самиот крај.

По неуспехот во првиот дуел, Соколи одиграа со голема решителност и стабилност во клучните моменти. Капитенот на штипскиот прволигаш НиколаКараколев со поени во серија, го поведе составот на Соколи 1933 кон „брејкот“, односно победата.

Мајсторката ќе се одигра во Штип, пред навивачите на Соколи, каде се очекува возбудлива атмосфера и драматична завршница во борбата за пласман во финалето на Суперлигата.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *