Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 24 до 32 степена.
Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време, наместа ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи.