Познатиот музичар и продуцент Снуп Дог почна со производство на грицки со канабис,
а во рецептот и процесот на производство му помогнал познатиот готвач Гордон Ремзи.

Производот е дизајниран од раперот од кој не само што ќе заработува туку и ќе им
помага на луѓето.
„Луѓето не мислеа дека можам да зготвам ништо, но го видоа моето шоу за готвење и
сега знаат дека можам. Потоа го запознав Гордон Ремзи и тој ме научи уште неколку
работи“, изјавил раперот за Mirror.
Снуп започна пријателство и со кулинарската кралица Марта Стјуарт, кое се претвори во
деловно партнерство.
„Секогаш истакнувам дека сме најдобри пријатели“, вели Снуп.
Тој исто така истакнува дека својот бренд на храна го подигнува на повисоко ниво со
крајно необични состојки, а кога станува збор за овој рапер, не било тешко да се погоди
дека се работи за канабис.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *