Словенија се наоѓа на одличното трето место на листата на најдобри европски земји за пријатна, мирна и исполнета старост. Врз основа на истражувањето на компанијата „Blacktower“, најдобар избор за пензионерски живот е Европа. Меѓу 37-те рангирани земји, Словенија се најде на самиот врв на листата.Овој резултат е очекуван, имајќи ги предвид отворените граници, нивото на благосостојба и општиот начин на живот во Словенија. Поради убавината на природата, близината и пристапноста, како и препознатливата култура, оваа земја е чест избор и совршена дестинација за секаков вид одмор.

„Blacktower“ ги рангира земјите врз основа на неколку категории. Тоа се стапката на криминал, стандардот на граѓаните, бројот на постари граѓани на возраст над 65 години и цената на недвижностите. Исто така се рангираат и очекувањата на граѓаните, односно колку долго тие очекуваат дека ќе живеат во пензија, под условите што ги дава државата.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *