Бијонсе и Џеј Зи вчера се закотвија во Цавтат, Хрватска, со јахтата „Фејт“ (Faith) долга стотина метри.
Пловилото е меѓу 60-те најголеми јахти во светот денес. Вреди речиси 20 милиони долари, а изнајмувањето за седум дена чини околу 1,5 милиони долари. Сопственик на јахтата е Лоренс Строл – сосопственик на „Астон Мартин“ во Формула 1.
Опсервер: Бијонсе и Џеј Зи се закотвија со изнајмена јахта во Хрватска | opserver.mk
Познатиот рапер и мегапопуларната пејачка се снимени на луксузната јахта во друштво на човек кој наликува на телохранителот Јулиус Де Бур, кој претходните години бил со нив во Хрватска.Џеј Зи и Бијонсе биле во Хрватска и во 2009 година, а потоа и во 2011 година, додека ја очекувале својата прва ќерка Блу Ајви, која го добила името по синиот бршлен што го виделе во Хрватска, поточно на Хвар.
Посетата на парот во 2009 година беше во сенка на инцидентот со телохранителот кој ги нападнал фоторепортерите и ТВ снимателите од Дубровник.