На социјалната мрежа „Х“ (поранешен Твитер) профилот со псевдоним „јас не сум“ сподели навистина фасцинантна приказна околу еден часовник кој е „скриен дијамант“ на Скопје.

Во серијата „твитови“, овој профил пишува за една интересна не многу позната заменитост во Скопје – фасадата на Природонаучниот музеј, поточно за фактот дека на истата стои и работи генијален изум, кој бил единствен од ваков тип на планетава.

Се работи за универзален вертикален сончев, но и песочен часовник иновација на Коља Асенов, кој инаку прв професор по астрономија во земјава.

„Карактеристично за овој часовник е фактот што е универзален, бидејќи, иако е направен во Скопје, може да се постави на кое било место во светот и да го мери времето. На него се отчитува реалното физичко време, со точност од плус-минус 15 минути“, раскажува во еден од твитовите.

Часовникот има форма на тристрана призма и тежи 150 килограми. Направен е од челик, месинг и бакар, а висок е два метри.

Исто така, фасцинантен податок е тоа што во следните 500 години нема да престане да работи.

На часовникот се прикажани и основните точки, линии, насоки и рамнини од небесната сфера како и сферните координатни системи за потребите на астрономските набљудувања и мерења.

„Освен сончев, на него е поставен и песочен часовник, кој ги отчитува неделите, месеците и годините, а времето го пресметува според речиси сите постојни календари: христијанскиот, еврејскиот, мухамеданскиот и календарот на Маите. Кажете дечки колку кул изум“, истакна „јас не сум“.

текстот е превземен од skopjeinfo.mk

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *