Скопје се најде во друштво со Лондон, Прага и Берлин, како еден од топ-10 листата европски главни градови коишто нудат најдобри ергенски и момински забави.

Македонскиот главен град е четврти на топ-листата, веднаш зад Лондон (Велика Британија), Прага (Чешка) и Софија (Бугарија). Британската престолнина има и најдобро оценет ноќен живот, но Скопје има трипати поевтино сместување – а најевтино и најприфатливо од сите 10 наведени градови.

Новото истражување на „Slot.Day“ го проучува квалитетот на ноќниот живот и трошоците за сместување во сите европски метрополи. Споредбата се сосредоточува на бројот на високо оценети објекти за ноќен живот во секоја престолнина наведени на „Трипедвајзор“ (TripAdvisor), особено на оние што добиле четири ѕвезди и повеќе, од пет, а предвид се зема и цената на сместувањето.

Зад Скопје, на списокот се наоѓаат: Тирана (Албанија), Букурешт (Романија), Белград (Србија), Варшава (Полска), Берлин (Германија) и Сараево (Босна и Херцеговина).

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *