Познатиот и светски пијанист Симон Трпчески синоќа одржа спектакуларен концерт во Абердин- Шкотска а специјален гостин му беше најпознатиот и најдобар стрелец во Шкотска Бојан Миовски кој во моментот игра за прволигашот Абердин.

Трпчевски пред концертот му се заблагодари и го поздрави Миовски со зборови дека е еден од најталентираните фудбалери кој игра за Националниот тим на Македонија и за Шкотски Абердин. Миовски пред присутните во концертната сала беше поздравен со голем аплауз.

Инаку светски познатиот пијанист Трпчевски изминатиот период имаше концерти секаде во светот каде го промовираше проектот „Македонисимо“

Симон Трпчески е меѓународно истакнат македонски класичен пијанист. Тој е еден од најафирмираните македонски изведувачи и веројатно најдобриот македонски пијанист на сите времиња.Во 2011 Трпчески станува прв носител на титулата Национален уметник на Република Македонија.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *