На преполниот стадион „Естадио Ацтека“ во Мексико Сити, еден од градовите домаќини на турнирот, колумбиската ѕвезда ги здружи силите со нигерискиот кантавтор Бурна Бој за да ја изведат официјалната песна на турнирот, „Даи Даи“.
Со својот фантастичен настап на отворањето на Светското првенство, Шакира уште еднаш покажа зошто многумина ја сметаат за лице на најголемите фудбалски спектакли.
Овогодинешната песна „Dai Dai“, напишана заедно со нигерискиот музичар Бурна Бој, беше изведена пред преполната „Ацтека“, првата арена во светот која е домаќин на три светски првенства. Финалињата во 1970 и 1986 година се одржаа таму, кога титули освоија фудбалските великани Пеле и Диего Марадона.
Уште неколку латиноамерикански пејачи настапија на отворањето. Одделни церемонии ќе се одржат в петок пред првите натпревари во Канада (Торонто) и САД (Инглвуд, Лос Анџелес). Канадските пејачи Мајкл Бубле и Аланис Морисет треба да настапат на првата, а американската поп-ѕвезда Кејти Пери на втората.
https://x.com/sugarcriminal/status/2065132239789154595?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2065132239789154595%7Ctwgr%5Eb7862a6a4b0fed5817f405954e7ec94b6d31d526%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.slobodenpecat.mk%2Fvideo-shakira-so-spektakularen-nastap-go-otvori-svetskoto-prvenstvo-2026-vo-sad%2F
