На доделувањето VMA музички награди, Шакира доби големо признание за животно остварување, наградата „Мајкл Џексон“. Шакира апсолутно издоминирала на доделувањето МТВ видео музички награди за 2023 година. На црвениот килим се појавила облечена во златен фустан, со долга пуштена коса, додека ја придружувале синовите Саша и Милан. Пејачката ова признание го доби откако минатата година помина низ јавен развод од фудбалерот Жерар Пике.Имено, кога открила дека сопругот ја изневерува, Шакира гневот го насочи кон креирањето, па создаде неверојатен албум кој уште повеќе ја зацврсти нејзината позиција на ѕвезденото музичко небо.

 

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *