Шакира ќе пее на отворањето на Светското првенство во Катар, заедно со хип хоп групата Блек Ајд Пис и корејскиот бенд БТС. Катар во периодот од 21 ноември до 18 декември 2022 година ќе биде домаќин на Светското првенство во фудбал.Рекордна е заинтересираноста за првото Светско првенство кое ќе се оддржи на Блискиот Исток. Според организаторите имало повеќе од 40 милиони барања за билети во првите две фази на онлајн продажба. Вкупно ќе бидат продадени 2 милиони билети, а дополнителни 1 милион ќе бидат доделени на ФИФА и на спонзорите.СП со 32 репрезентации ќе се оддржи на осум стадиони во и околу престолнината Доха, со што ќе има посебен притисок на инфраструктурата на малата земја.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *