Книгата раскази “Сезона на глуварките” од Блаже Миневски објавена на хрватски јазик
Излезе од печат книгата раскази „Сезона на глуварките“ од Блаже Миневски објавена на хрватски јазик со превод од македонски на хрватски на Томислав Ровичанец. Станува збор за антологиска проза на универзален автор, не затоа што истовремено пишува романи, раскази, драми и есеи психолошки и политички состојби, туку затоа што е повеќеслојна и со мноштво пораки. Еден од најавтентичните автори на Балканот, тој сосема уверливо го потврдува своето високо раскажувачко реноме и со оваа книга, збогатувајќи ја европската книжевна ризница со врвно прозно дело.