Љубовната приказна на Елвис и Присила Присли продолжува да ги интересира филмаџиите. Сега повторно доаѓа на големото платно, но ќе го гледаме од гледна точка на Присила. Режисерката Софија Копола всушност го привршува филмот „Присила“, кој е базиран на мемоарите „Елвис и јас“ од 1985 година. Штотуку беше објавен трејлер, а филмот треба да се прикажува во октомври, објави People. Човекот кој веќе беше рокенрол суперѕвезда станува сосема поинаков во приватните моменти: љубовник, сојузник во самотијата, ранлив најдобар пријател. Низ очите на Присила, Софија Копола зборува за непознатата страна на големиот американски мит, долгото додворување и турбулентниот брак на Елвис. Верувам дека со нетрпение голем дел од обожавателите на Елвис Присли го очекуваат овој филм.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *